(Видео) Кркодил слободно шета низ град во Австралија

(Видео) Кркодил слободно шета низ град во Австралија

пред 1 година

Крокодил голем три метри е виден низ улиците на Фицрој Кросинг во западниот дел на Австралија. Прв го видел Џеј Бедфорд во два часот утрото. Веднаш ги побарал службите на кои им требале неколку часа да го однесат.

„Се обидоа да го фатат со опрема за ловење улични кучиња, но безуспешно. Мораа да гуглаат да видат како да го фатат“, рече Џеј кој додаде дека на крајот го фатиле со помош на средство за спиење.

Службите велат дека крокодилот се нашол на улиците по полавите кои го погодија западниот дел на земјата. Бил однесен во речниот систем каде живеел. Некое време службите го следеа за да се осигураат дека ќе се врати во своето природно живеалиште.

Залутаните кркодили се вообичаени во овој дел на градот. Ги исфрлаат реките и остануваат насукани, како нивото на водата се намалува, велат службите.

Share
Scroll to Top