(Видео) Култниот филм „Кум“ прослави половина век и повторно ги собра актерските ѕвезди

(Видео) Култниот филм „Кум“ прослави половина век и повторно ги собра актерските ѕвезди

пред 2 години

Поминаа 50 години од првиот од трите филмови од серијалот „Кум“. По тој повод, некои од ѕвездите на оваа франшиза се појавија на настан во Лос Анџелес.Тимот беше предводен од режисерот Френсис Форд Копола, кој беше во друштво на неговата сопруга Елеонор. Кога станува збор за актерите, дојде и Џејмс Кан, кој го играше Сони Корлеоне. Познатиот актер беше заедно со неговиот син Џејмс Кан Џуниор.

Помеѓу останатите актерски ѕвезди се појавија Талија Шајер, која го толкуваше ликот на Кони Корлеоне, како и Џо Мантења, кој го играше мафијашот Џои Сас во третиот дел на „Кум“. На настанот присуствуваа и таткото на Анџелина Џоли, Џон Војт, актерот Олден Еренрајх, актерката Александра Руди и многу други, пишува „Дејли мејл“.


Share
Scroll to Top