(Видео) Куќен притвор за инспектор Томе: Наскоро нова хит серија по теркот на Преспав

(Видео) Куќен притвор за инспектор Томе: Наскоро нова хит серија по теркот на Преспав

пред 2 години

Наскоро ќе почне да се прикажува новата македонска серија „Куќен притвор“ во која главната улога ќе ја има инспектор Томе од „Преспав“. Серијата ќе се прикажува на Македонската телевизија, а се фокусира на животот и семејството на корумпираниот инспектор од пансионот на браќата Бузалевски.

dobivaj vesti na viber

ОХО-продукција веќе го објави првиот трејлер од серијата.

Томе е уапсен во пансионот, а адвокатите бараат да помине 30 дена во притвор, но наместо во затвор, Томе мора да ја служи казната дома. Во серијата првпат се појавува и сопругата на Томе, нејзиниот 20 години помлад љубовник, комшиката Снеже и откачениот адвокат.

Главните улоги во новата серија ги глумат Горан Стојановски, Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Јована Спасиќ и Зоран Љутков.

Share
Scroll to Top