(Видео) Лажен Путин прави руска салата на ТикТок

(Видео) Лажен Путин прави руска салата на ТикТок

пред 3 години

На почетокот на декември 2020 година, анонимен корисник отворил профил на “ТикТок” наречен „прв човек на Русија“, посветен на рускиот претседател Владимир Путин. За само три месеци објавувал тој собрал повеќе од 4,7 милиони следбеници.

Каналот објавува т.н. „deepfake“ снимка на актер кој го имитира Путин. Технологијата „Deepfake“ се заснова на вештачка интелигенција која овозможува производство или модификација на фотографии и снимки и со тоа манипулира со содржината за да личи на избраната линост.

Честопати, ваквите записи изгледаат толку реалистични што многу корисници не можат да разликуваат дали станува збор за вистинска или лажна снимка.

На лажниот профил на Путин, можете да најдете снимки во кои рускиот претседател танцува на популарните хитови на ТикТок, посетува теретана, сауна, покажува како се подготвуваат палачинки и руска салата.

@1facerussiaМосква прекрасна. Moscow is beautiful ☺️ ##москва2021 ##moscowcity ##redsquare♬ suono originale – ? Alex ?

Share
Scroll to Top