(Видео) Ламбе, Некст тајм и Морал гости на концертот на Меморија во Скопје

пред 2 години

Ламбе Алабаковски ќе биде гостин на концертот на „Меморија“ што ќе се одржи на 11 јуни на стадионот на АРМ. Тој објави неколку слики и видеа од прес-конференцијата што се одржа денес и се пофали дека ќе пее заедно со момците од култниот бенд.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

„Горд сум што ќе бидам дел од најголемиот концерт ова лето“, напиша Алабаковски, а фановите му коментираа дека едвај чекаат да го гледаат во живо, но и да го слушнат најголемите хитови на „Меморија“.

На прес-конференцијата, Перо Камиказа Георгиевски откри дека ќе има 150 места за седење за публиката од постарата генерација, но и дека со нив, освен Ламбе, ќе пеат и Некст тајм, Морал, Ласт Експедишн, Конкорд и Ту-би.

„Сакаме да поставиме нови стандарди за сите уметници кои понатаму ќе одржуваат концерти на овој стадион. Во соработка со Здружението Мобилност обезбедивме платформа за да им овозможиме на лицата со телесен инвалидитет да присуствуваат на концертот на ‘Меморија’, и очекуваме тој пример понатаму да го следат и другите музичари“, рече Камиказа.

Тој додаде дека ќе има уште неколку изненадувања на концертот. А пред крајот на прес-конференцијата, пред новинарите дојде трубачки оркестар, па со Ристо Самарџиев ја испеаја „Дирлада“.

Share
Scroll to Top