Легендарниот Здравко Чолиќ вчера вечер му се придружи на Дино Мерлин на концертот во Старк Арена во Белград.
Двајцата ја испеаја песната „Да ти кажем шта ми је“, од истоимениот албум на Здравко, кој го издаде во 1990 година. Напишана е од Мерлин.
Музичкиот магионичар вчерашниот концерт го започна со изведбата на песната „Да шутиш“.
„Вие сте фантастични! Ова е мојот град, многу ми недостигавте. Оваа сцена, сето ова е како порано“, рече тој.
Во публиката имаше и бројни познати личности од Србија, меѓу кои пејачката Маја Беровиќ, директорот на Партизан Остоја Мијаиловиќ и неговата сопруга Милица, Реља Поповиќ, Николија Јовановиќ…