Еден од најпопуларните автомобили од времето на поранешна Југославија, легендарната Застава 101 слави 50-ти роденден. Заставата заедно со култното Фиќо го одбележаа возниот парк на голем број жители на поранешните републики на Југославија.
На 16 ноември во 1971 година, беше произведен првиот примерок во фабриката во Крагуевац. Конкуренција на овој автомобил, во техничка смисла беа Peugeot 204/304, Simca 1100, Austin 1100/1300. Овој автомобил се продавал по иста цена како и Renault 12 па и Citroenov.
Тогашната продажба и опременост ги следеа стандардите на 70-те години. За тоа сведочи и рекордната бројка на 88.918 произведени примероци во 1979 година, што претставува сон за еден модерен FCA во Крагуевац на годишно ниво.
Застава 101 го задржа вниманието на купувачите, без било каква реклама цели 20 години. Кариерата си ја заврши на 21-ви ноември 2008-ма година, како втор најевтин автомобил на целиот свет.
Зад моделот на Застава 101 стои Данте Џиакоса, кој е креатор на некои од најуспешните модели на Fiat, меѓу кои се 500, 600, 1.100 и 128. Тој почнал да работи во Fiat веднаш по завршување на студиите и од првиот ден бил голем визионер.