Еден од најпознатите македонски пејачи, Влатко Лозаноски – Лозано, денеска премиерно ја објави својата најнова песна со наслов „Купи ме“.
За песната е снимен и видеоспот кој визуелно ја надополнува музичката приказна.
Во него, покрај Лозано, се појавува манекенката Марта Михајловски, која ја толкува главната женска улога.
Видеоспотот е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцент е Верица Донев Божиновски.
Говорејќи за новиот сингл, Лозано истакнува дека „‘Купи ме’ е стил на песна кој највеќе го чувствува и му лежи“.
Лозано откри дека паралелно течат и интензивните подготовки за големиот солистички концерт.
„Се подготвуваме сериозно – ќе настапам со голем бенд, работиме на нови аранжмани, ќе има гости и неколку сценски изненадувања за публиката,“, кусо вели Лозано.
Новото музичко издание доаѓа во пресрет на големиот солистички концерт на Лозано, кој ќе се одржи на 7 март во арената „Борис Трајковски“.
Концертот е најавен како целосен музичко-сценски настан, со засилена продукција и специјално подготвена програма.





