(Видео) Мадона за празниците ги однесе посвоените деца во нивниот роден град

(Видео) Мадона за празниците ги однесе посвоените деца во нивниот роден град

пред 3 години

Кралицата на поп музиката, Мадона објави видеа во кои се пофали дека за време на празниците отпатувала со децата во Малави.

Пејачката, која има шест деца – две биолошки и четири посвоени од Африка, ги донесе своите посвоени деца во земјата каде што се родени.

Таа ја а посетила локалната детска болница, семејството на нејзиниот посвоен син Дејвид Банда, открила дека го посетила и претседателот на Малави, со кого разговарала за иднината на оваа земја, а потоа заминале и на сафари.

„Топлото срце на Африка“, напиша Мадона .

Мадона ги посвои синот Дејвид Банда, ќерката Марси Џејмс и близначките Стела и Естер чии корени потекнуваа од Малави. Таа има и две биолошки деца, 24-годишната Лурдесод  врската со  поранешниот тренер Карлос Леон, додека 20-годишниот син Роко го доби со режисерот Гај Ричи.

Мадона стигна на Малави и покрај фактот дека таа земја ги затвори своите граници поради пандемијата на коронарниот вирус.

Share
Scroll to Top