(Видео) Мадона првпат видена во Њујорк откако излезе од хоспитализација

(Видео) Мадона првпат видена во Њујорк откако излезе од хоспитализација

пред 1 година

Поп иконата Мадона вчера прв пат беше видена откако беше хоспитализирана и пронајдена во несвест. Папараците ја снимија во Њујорк на улицата Апер Ист Сајд како лежерно шета, а видеото се појави и на Тикток. Носеше широка црна маица, долги шорцеви, широка шапка и бели патики.

Лицето го покри со големи очила.

„Изгледаше добро и расположена. Одеше полека, но изгледаше како да ѝ треба да биде малку надвор“, рече еден од фановите кои ја виде на улицата.

За потсетување, Мадона неодамна беше итно хоспитализирана, по што заврши на интензивна нега. Медиумите пренесоа дека била во критична состојба, а за неа биле загрижени и нејзините соработници, пријатели и семејството. Беше најдена во несвест во нејзиниот дом во Њујорк во саботата на 24 јуни.

Веднаш била пренесена во болница. Истата ноќ била интубирана, а нејзината најстара ќерка Лурд (26) цело време била со неа. Дека и нејзините соработници биле загрижени за неа зборува тоа што одма одржале итен состанок.

„Факт е дека никој во овој момент не знаеше како сето тоа ќе заврши. Мадона беше многу болна и во такви ситуации секогаш постои страв од најлошото“, рече извор за „Дејли мејл“.

@laurenconlin4 #MADONNA #madonnafans #madonnaforever #celebritysighting #laureninterviews #nyc #newyorkcity ♬ Lucky Star – Madonna

Share
Scroll to Top