(Видео) Мадона славеше роденден во византиски стил: Забава во Италија со 36 години помладиот дечко и шесте деца

(Видео) Мадона славеше роденден во византиски стил: Забава во Италија со 36 години помладиот дечко и шесте деца

пред 5 години

Кралицата на поп-музиката, Мадона, го прослави својот 63. роденден. Во друштво на пријателите, со 36 години помладиот дечко Ахламалик Вилијамс и нејзините шест деца, таа направи журка во Италија.

Забавата на Мадона имаше византиска тематика, наречена „екстраваганца од 6 век“. Потоа на Инстаграм таа објави слики и видеа од забавата.

„Под магија на Византиската империја“, напиша Мадона.

Пејачката објави серија фотографии на кои е облечена во креација на Версаче.

„Нека почнат роденденските игри“, рече поп-иконата.

Претходно таа објави и видео од пристигнувањето во Италија со приватен авион и со нејзиното момче: „Мамбо Италиано“.

Share
Scroll to Top