Кралот Чарлс ја откри статуата на кралицата Елизабета во Јорк. Тоа е првата нејзина статуа која е поставена на јавна површина откако таа почина.
Скулптурата е висока два метри, и тешка два тона направена од француски варовник, создадена по повод платинестиот јубилеј на кралицата и е завршена во август, еден месец пред смртта на кралицата. Статуата ќе биде надгледувана од градот.
Оваа нова статуа на кралицата во Јорк има традиционален изглед, кралицата е во наметки од Редот на жартиерата и ја носи дијадемата на Џорџ IV. Издлабенa е во камен, блед француски варовник што се користи за реновирање на средновековни цркви.
За време на поворката по повод свеченоста, уапсен беше 23-годишен маж поради фрлање јајца на поворката на кралот и кралицата за време на нивната посета на Јорк.