(Видео) Македонецот Бобан Цаневски со емотивен настап ја расплака Тања Савиќ во „Никогаш не е доцна“

(Видео) Македонецот Бобан Цаневски со емотивен настап ја расплака Тања Савиќ во „Никогаш не е доцна“

пред 2 години

Македонскиот пејач Бобан Цаневски (45) ја расплака српската пејачка Тања Савиќ во емисијата „Никогаш не е доцна“. Таа заплака кога Цаневски почна да го пее хитот на Здравко Чолиќ, „Као моја мати“. Неговото емотивно пеење му се допадна и жирито кое го пофали Боби и неговиот настап.

dobivaj vesti na viber

„Бобане, јас многу ја сакам Македонија, многу го сакам Скопје. Ти вечерва ме погоди со оваа песна, дури и солзи ми потекоа. Имам доста години, сум запознал многу кустоси, но мислам дека си најдобриот пејач-кустос кој сум ги запознал“, му кажа Фрањо Ласиќ.

„Боби, ми ја расплака Тања, јас не знам што да ти кажам. Можеби треба да направиме пауза со снимање“, додаде познатиот композитор Маре.

Цаневски, кој долги години пее во познати ресторани и клубови низ Македонија, по овој настап продолжи директно во следниот круг на шоуто.

Настапот на Цановски почнува на 40:35.

Share
Scroll to Top