(Видео) Македонија загуби од Украина во вториот натпревар на ЕУРО2020

(Видео) Македонија загуби од Украина во вториот натпревар на ЕУРО2020

пред 3 години

Репрезентацијата на Македонија загуби во вториот натпревар во групната фаза на ЕП од Украина со 2:1.

Фудбалерите на Украина беа подобри во првото полувреме и на пауза заминаа со резултат 2:0. Пандев постигна гол на почетокот на натпреварот, но беше поништен поради офсајд. Крајниот резултат го постави Алиоски. Тој шутираше пенал кој не го реализираше, но топката од голманот се одби во него, па фудбалерот на Лидс даде гол за конечен резултат 2:1.

Пред крајот на натпреварот, судијата досуди пенал и за Украина, но Столе Димитриевски одбрани.

Последниот натпревар од групната фаза Македонија го игра в понеделник, 21 јуни, во Амстердам против Холандија.

Share
Scroll to Top