(Видео) Македонија изгуби од Ерменија, останува во Лигата Ц

(Видео) Македонија изгуби од Ерменија, останува во Лигата Ц

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 1-0 од Ерменија на натпреварот што вечерва се играше на Кипар. Единствениот гол го даде поранешниот фудбалер на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан во 55 минута.Со тоа, остана на второто место Лигата Ц и не успеа да се пласира во Лига Б. Во подобрата лига оди Ерменија, која е првопласирана со 11 бода.

Македонската репрезентација играше во ослабнат состав откако дел од фудбалерите се вратија во матичните клубови, а некои го откажаа настапот заради повреда. Селекторот Игор Ангеловски во текот на натпреварот направи неколку замени, но ни тоа не беше доволно за македонската репрезентација да постигне гол.

Следните квалификации ќе почнат да се играат догодина во март.

Фото: Фудбалска репрезентација на Македонија

Share
Scroll to Top