Македонија го одигра првиот подготвителен натпревар против Словенија пред Европското првенство. Фудбалерите на Игор Ангеловски не успеајаа да остварат победа (1:1), откако во 97 минута во продолжението, Домен Чрнигој постигна гол и обезбеди реми за гостите.
Хелмас беше стрелец за Македонија во 55. минута. Натпреварот се одигра со публика на трибините на стадионот „Тодор Проески“. По ова следува и тестот против Казахстан пред дебито на првото големо натпреварување на ЕП за македонската репрезентација.
Ангеловски по мечот им се заблагодари на публиката за поддршката и рече дека единствено што жали е што фудбалерите не успеаа да прослават со победа.
„На следниот дуел ќе имаме шанса да ги коригираме сите недостасоци, затоа што на ЕП нема да имаме право на грешка“, рече Ангеловски по мечот.
Eljif Elmas’dan Mükemmel Gol ? pic.twitter.com/YdXmXA0LDo
— Simon Kjaer (@fenerli_simon) June 1, 2021
Од останатите пријателски натпревари, Хрватска во Велика Горица одиграа само 1:1 со Ерменија, додека Словачка, уште еден учесник на ЕУРО 2020, исто така одигра нерешено 1:1 со Бугарија.
Иван Перишиќ ги донесе „коцкестите“, актуелни светски вицешампиони во водство во 24. минута, пред Ерменците да израмнат преку Вбејмар Ангуло во 72. минута од мечот.
ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ
Хрватска – Ерменија 1:1
Косово – Сан Марино 4:1
Словачка – Бугарија 1:1






