(Видео) Македонскиот фудбалер Бојан Миовски со гол и асистенција го спаси Абердин од пораз во Шведска

(Видео) Македонскиот фудбалер Бојан Миовски со гол и асистенција го спаси Абердин од пораз во Шведска

пред 8 месеци

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше одлично деби во европските клупски натпреварувања. Со гол и асистенција го спаси својот тим Абердин од пораз на гостувањето против шведскиот клуб Хакен во плејофот од Лигата на Европа.

Абердин ремизираше (2-2) во првиот натпревар од плејофот на гостувањето против Хакен и покрај тоа што имаше негатива од 2-0 до 75. минута. Миовски прво погоди за 2-1 во 75. минута, а во 79 имаше асистенција до Девлин кој израмни на 2-2.

На трибината каде беа сместени навивачите на Абердин ретко можеше да се види шкотско знаме, но затоа македонските доминираа. Причината секако е Бојан Миовски, веројатно дел од подржувачите на шкотскиот тим синоќа беа и Македонци кои живеат во Шведска.

Share
Scroll to Top