Легендарните фудбалери на „Вардар“, Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски се единствените двајца македонски фудбалери кои играле против Пеле.
Двајцата играа во репрезентацијата на Југославија во 1968 година, а Спасовки на овој натпревар даде гол против селекцијата на Бразил. Натпреварот се играше на „Маракана“, а го следеа 150.000 навивачи.