(Видео) Македонски фан го дупна тапанот додека навиваше на стадион, па на скинатиот тапан чукаше и низ улиците на Букурешт

(Видео) Македонски фан го дупна тапанот додека навиваше на стадион, па на скинатиот тапан чукаше и низ улиците на Букурешт

пред 3 години

Македонски навивач кој го гледаше натпреварот Македонија – Украина на стадионот во Букурешт, стана хит откако камерите го снимија како удира на скинат тапан и ја бодри репрезентацијата.

„Со ваква страст се бодрат фудбалерите“, „Еден ден неговите внуци ќе раскажуваат како дедо им бил главна фаца на Европско“, коментираат на социјалните мрежи.

Тој не се откажа од забавата, па по натпреварот продолжи да чука на скинатиот тапан и во стариот град на Букурешт, каде што се собираат македонските навивачи и секој ден се прави фешта за која пишуваат и светските медиуми.

Видеото од навивачот што удира на скинатиот тапан стана хит на интернет.

„Не постојат зборови да се опише ова. Мажот со скроз искинат тапан удира во него него и пет часа по натпреварот. Каков херој“, стои на Твитер.

Share
Scroll to Top