(Видео) Марадона погребан во присуство на само 20 лица

(Видео) Марадона погребан во присуство на само 20 лица

пред 3 години

Еден од најдобрите светски фудбалери, Диего Армандо Марадона, е погребан денес во Буенос Аирес, на приватна церемонија на која присуствувале само 20 луѓе. Марадона е погребан покрај родителите Диего и Далма.

На последното испраќање на фудбалската легенда биле присустни само членовите на семејството и неколку најблиски пријатели. Претходно, неколку милиони луѓе се поклонија пред ковчегот на Марадона, кој беше изложен во претседателската палата во Биенос Аирес. Километарската колона од граѓани и фанови минувала низ дури 20 блокови од градот за да дојдат до телото.

По смртта на легендарниот фудбалер, во Аргентина е прогласена тридневна жалост.

Share
Scroll to Top