(Видео) Марко Пејчиновски во чест на Св. Наум преплива 30 километри во Охридско Езеро

(Видео) Марко Пејчиновски во чест на Св. Наум преплива 30 километри во Охридско Езеро

пред 4 години

Македонскиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски во чест на Св. Наум вчера пливаше 30 километри во Охридско Езеро, од Струга до Св. Наум. Ова беше четврто, од десетте препливувања што Марко ги најави за ова лето. Дестинацијата тој ја преплива за 9 часа и 26 минути.

dobivaj vesti na viber

Неговиот тим во текот на денот неколку пати објавуваше видеа од пливањето и споделуваше како напредува Марко.

За потсетување, на почетокот на летото, Пејчиновски најави дека годинава има план да плива десет различни делници во езерото, во вкупна должина од околу 250 километри. Тој лани во септември пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1 август ја исплива делницата Охрид – Св.Наум – Охрид и подвигот го посвети на неговата почината мајка.

Марко првпат пред четири години го преплива езерото и на 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Share
Scroll to Top