(Видео) Марко Пејчиновски пливаше 60 километри од Охрид до Свети Наум и назад: Нов подвиг на младиот пливач

(Видео) Марко Пејчиновски пливаше 60 километри од Охрид до Свети Наум и назад: Нов подвиг на младиот пливач

пред 3 години

Марко Пејчиновски (15), кој го привлече вниманието на јавноста пред три лета, кога го преплива Охридското Езеро и покрај инфарктот на нозете, денес пливаше 60 километри од Охрид до Свети наум и назад. Тој тргна утрово во 5 часот од пристаништето во Охрид и исплива 30 километри до Свети Наум, а потоа со пливање се врати назад.

Додека пливаше, покрај Марко беше неговиот татко и тимот што постојано го следи. Тие му даваа поддршка, го бодреа, а објавија и неколку видеа од подвигот на Марко. Од стартот во Охрид, кога пристигна во Свети Наум, но и кога се врати назад на пристаниште. Марко доби огромна поддршка од јавноста, а луѓето на видеата му оставија бројни пораки за среќа и му посакаа да успее во намерата.

Марко неодамна пливаше 30 километри на истата оваа делница за празникот Свети Наум Охридски. Првпат официјално ја исплива оваа патека на 12-годишна возраст и тогаш му требаа девет часа да го преплива целиот тој дел. По подвигот, јавноста го нарече „малиот херој со огромно срце“.

Share
Scroll to Top