(Видео) Марти Мекфлај се врати во иднината: Што и да правите, не одете во 2020!

(Видео) Марти Мекфлај се врати во иднината: Што и да правите, не одете во 2020!

пред 3 години

Глумецот Мајкл Фокс ја репризираше улогата на Марти Мекфлај од култниот филм „Враќање во иднината“ во новиот спот на раперот Лил Нас. „Што и да правите, не одете во 2020 година“, вели Фокс во видеото.

Краткото видео е најава за претстојниот сингл на раперот, наречен „Холидеј“. Таму Лил Нас пристигнува пред салун на Дивиот Запад, од каде што го истерале Дедо Мраз.

Фокс првпат се појави во улогата на Марти Мекфлај во 1985 година, а последниот, трет филм на „Враќање во иднината“, го сними 1990 година.

59-годишниот актер брзо потоа објави дека мора да се повлече од глумата поради Паркинсоновата болест, што му била дијагностицирана во 1991 година. Оттогаш Фокс има мали улоги во неколку филмови и серии.

Share
Scroll to Top