(Видео) Маските ја загадуваат природата и претставуваат еколошка бомба, предупредуваат експертите

(Видео) Маските ја загадуваат природата и претставуваат еколошка бомба, предупредуваат експертите

пред 3 години

Маските ја загадуваат природата и претставуваат еколошка бомба, предупредуваат експертите, пренесува порталот „Фајпејџ“. Секоја минута во светот се користат и се фрлаат по три милиони заштитни маски направени од пластичен полимер.

Тие во природата шират таканаречени микро и нано пластични честички, со дијаметар помал од пет милиметри. Микропластиката, вклучувајќи ја и онаа која настанува со разлагање на заштитните маски, остава во природата отровни материјали, како што се тешките метали.

Организациите за заштита на околината предупредуваат дека не постојат упатства за тоа како да луѓето да се ослободат од заштитните маски, па затоа и расте опасноста од понатамошно загадување на околината.

Претходните научни истражувања покажале дека 14 милиони тони микропластика завршува на морското дно, а загадени се и најодалечените делови од планетата како што е Антартикот и најголемите морски длабочини.

Микропластиката од морето често завршува во телата на морските животни, вклучително и на оние кои ги јадеме. Друго истражување потврдило дека јадејќи ја морската храна, неделно во нашето тело внесуваме по пет милиграма микропластика.

Тоа е исто како еднаш во неделата да изедеме ситно мелена кредитна картичка.

Во Италија, искористените заштитни маски завршуваат заедно со останатото ѓубре, но со оглед на количината, некои специјализирани фирми веќе работат на изработка на посебни контејнери за рециклирање на заштитни маски направени од пластика.

Share
Scroll to Top