(Видео) Медицински лица без маски лумпувале со жива музика во ковид болница во Хрватска

(Видео) Медицински лица без маски лумпувале со жива музика во ковид болница во Хрватска

пред 3 години

Деновиве на социјалните мрежи се шири снимка од ковид болница во Хрватска, на која може да се видат како медицински лица, без маси се забавуваат со жива музика. Вработените играат ора во просториите на болницата која е преполна со пацинети заболени од ковид 19.

Снимката била испратена до телевизијата РТЛ. а директорот на болницата, Ивида Лукшиќ, за телевизијата изјавил дека првпат слушаат за неа. Тој вели дека бил изненаден и побарал да се утврдат фактите, по што ќе бидат превземени евентуални санкции.

Една од медицинските сестри во болницата, ја испратила снимката до телевизијата, со отворено писмо во кое напишала дека во нејзината дваесетгодишна кариера, досега немала видено вакво нешто.

„Не знам кој дозволил влез на музичка група во болницата, ама очекувам санкции за учесниците во овој настан. Мислам дека со ова се фрла лоша слика на останатите вработени кои својата работа си ја работат како што треба. Целата болница зборува за спорната журка и време е некој да одговара за тоа, за да се спречи нешто слично да се случи и во иднина. Се бориме против вирусот, а самите ние го шириме. Лута сум и разочарана,“ пишува медицинската сестра од болницата во отвореното писмо.

Снимката е направена на почетокот на месецов, а според РТЛ, се работи за некаква новогодишна прослава. На видеото се гледа хармоника накитена со банкноти, алкохол, гласно пеење. Медицински сестри и помошниот персонал, се фатени на оро и не држат никаква дистанца и не носат маски.

„Оваа ситуација ги налути дел од нивните колеги, кои ни ја испратија снимката“, велат од телевизијата.

Share
Scroll to Top