(Видео) Мексиканка организирала томбола во која автомобилот, кој бил главната награда, го добил мајка ѝ таа тврди дека сè било регуларно

(Видео) Мексиканка организирала томбола во која автомобилот, кој бил главната награда, го добил мајка ѝ таа тврди дека сè било регуларно

пред 2 години

Познатата инфлуенсерка Лора Гарза од Мексико, организирала томбола во која главната награда автомобилот на крајот завршил кај нејзината мајка. Таа добила нов автомобил КИА СУВ. Фановите сметаат дека томболата била наместена, додека Лора вели дека сè било регуларно.

Секој кој учествувал во наградната игра требало да купи една или повеќе влезници во вредност од 17 долари, а на крајот целата работа предизвика голем интерес кај луѓето, па многумина сакаа да видат кој го освоил автомобилот. Сите се изненадија кога видоа дека тој завршил кај мајка ѝ.

Тие почнаа да ја напаѓаат и да и пишуваат дека целата работа била наместена, додека Гарза објаснила дека процесот бил целосно транспарентен и објективен и дека томболата била организирана во соработка со Мексиканската национална лотарија, за да нема сомнеж во местење.

По завршувањето на контроверзната награда игра, таа на „Инстаграм“ објавила видео во кое себе си се прикажува како жртва на културно откажување, тврдејќи дека некои луѓе сакале да ја видат да неуспее. Таа рече дека нејзината реакција би била иста, ако наградата ја добил некој нејзин сосед, партнер или дури и колега.

Се обидувала да се оправда на секој начин. Таа рече дека размислува и да ја повторни наградната игра, но, во никој случај нема да ја даде наградата на некој кој не победил затоа што тоа не би било чесно.

Share
Scroll to Top