Холивудската ѕвезда Мет Дејмон уште еднаш покажа дека семејството му е најголемата поддршка. На премиерата на новиот филм „The Odyssey“ во режија на Кристофер Нолан, која се одржа во Сеул, Јужна Кореја, актерот се појави во придружба на сопругата Лучијана Баросо и нивните две помлади ќерки, Џиа и Стела, кои ретко се појавуваат во јавноста.
Промотивната турнеја за долгоочекуваниот филм Дејмон ја претвори во вистинска семејна авантура, а токму неговите ќерки привлекоа најголемо внимание на црвениот тепих.
Семејството позираше насмеано пред фотографите пред трговскиот центар „Yeongdeungpo Time Square“. Дејмон беше облечен во елегантно костум во бордо нијанса, додека неговата сопруга Лучијана блесна во впечатлив син фустан. Седумнаесетгодишната Џиа носеше долга бела тоалета, а петнаесетгодишната Стела избра светлосин фустан украсен со чипка.
На овој настан не присуствуваа нивните постари ќерки, Алексија Баросо и Изабела Дејмон. Иако семејството настојува да го зачува приватниот живот далеку од јавноста, ќерките повремено го придружуваат актерот на најважните филмски премиери.
Така, на почетокот на јули сите четири ќерки беа покрај своите родители на лондонската премиера на „The Odyssey“, додека Изабела неколку дена подоцна му се придружи на Мет и Лучијана и на црвениот тепих во Њујорк. Пред тоа, целото семејство заедно се појави и на премиерата на филмот „The Instigators“ во 2024 година.
„Секогаш е убаво кога можеме да се забавуваме додека работам, а пресреќен сум што се тука со мене. Сите толку пораснаа. Додека ги гледав денес, ме преплавија вистински татковски емоции“, изјави Дејмон на лондонската премиера.
Иако внимателно го чува својот приватен живот, оскаровецот никогаш не криел колку му значат сопругата и ќерките. Нивните имиња ги има истетовирано на надлактицата, а често открива и интересни семејни случки.
За улогата на Одисеј, актерот целосно го промени својот изглед. Со месеци интензивно тренирал, исфрлил глутен од исхраната и пуштил долга, густа брада по барање на режисерот Кристофер Нолан.
„Цела година носев голема, бушава брада. Моите деца ми велеа дека изгледам како Дедо Мраз“, раскажал Дејмон.
Тој открива дека неговите ќерки секогаш искрено ги коментираат неговите филмови. Најмладата Стела еднаш заспала додека го гледала „Ford v Ferrari“, но подоцна му се оправдала.
„Тато, двапати заспав, но само по десет секунди. Филмот навистина беше возбудлив“, му рекла таа.
Дејмон со насмевка ѝ одговорил дека сцените што ги пропуштила ќе ги изгледаат заедно кога филмот ќе биде достапен на iTunes, покажувајќи дека и во нивниот дом нема посебен третман – дури ни кога главната улога ја има еден од најпознатите холивудски актери.





