(Видео) Ме радува што децата сакаат да станат врвни кошаркари: Интервју со Тео Митевски тренер на Младинска школа МЗТ

(Видео) Ме радува што децата сакаат да станат врвни кошаркари: Интервју со Тео Митевски тренер на Младинска школа МЗТ

пред 2 години

Тео Митевски е тренер во КК МЗТ Скопје Аеродром – Младинска школа и тренира кошарка со деца на најразлична возраст. Култниот кошаркарски клуб МЗТ Аеродорм е место од каде излегле познати македонски кошаркари кои денес имаат светска кариера, но и го носат националниот дрес и ги бранат боите на Македонија во кошаркарската репрезентација.

Екипата на Репортер беше во посета на КК МЗТ Скопје Аеродром – Младинска школа каде што подмладокот на македонската кошарка постигнуваат големи успеси. Последниот во низата е освоеното прво место во М12 лигата.

Во разговор со тренерот Митевски вели не е тешко да се работи со деца, доколку си ја сакаш работата и ги сакаш децата.

„Станав тренер зошто сакав да им помогнам на децата да играат кошарка. Да бидеш тренер во МЗТ Аеродром не е ниту малку лесно, треба да бидеш премногу посветен посебно кога работиш со деца. Тие учат се од тебе, како се однесуваш, што правиш“, вели Тео Митевски.

Строг но и попустлив тренер е, знае да балансира во зависност од возраста на децата со кои работи.

„Им давам секакви задачи најважно е спиењето, да водат евиденција. Јас им препорачувам 9 саати да спијат, најважно е времето кога ќе легнат. Задачите кои што им ги давам е да запишуваат кога легнуваат и кога стануваат. Втората задача е кога ќе станат е да го измерат пулсот и да водат евиденција што јадат“, изјави Тео за Репортер.

Кошарка почнал да игра уште кога бил помал. Ги гледал децата надвор како играат баскет, но и оние кои тренирале кошарка, па посакал и тој да се запише. Го засакал спортот, тренирал напорно, а потоа учествувал и на натпревари. Од неговата 18 година тренира во МЗТ и потоа се одлучил да стане тренер.

Како најголеми успеси на Младинската школа, Тео го одвојува прокетот МЗТ 2 кој е голема мотивација за децата.

„За оние што не знаат е нашиот втор тим во прва лига и таму играат само нашите млади играчи кои се од осумнаесет до дваесет и две години и планот е тие играчи да влезат во прва екипа. Имаме и премногу титули освоени на турнири, но најважен е проектот МЗТ 2 каде што со млади играчи влеговме во првата лига“, изјави Тео.

Идеалната возраст да почне да се тренира кошарка вели Тое е околу осмата и деветтата година кога децата препознаваат што е детска игра и како да се вклучат во неа. Но вели има и помали деца и за нив кошарката е поедноставена и повеќе е за нивен развиток и подготовка за тоа што следува.

Ривалството е само на терен, додека се на терен се натпреваруваат, се борат да се покажат кој е подобар, по завршување на тренингот тие се најдобри другари, има смеа и дружба, раскажува тренерот на КК МЗР Скопје Аеродорм – Младинска школа, Тео Митевски.

Габриела Додевска

Share
Scroll to Top