(Видео) Мила Кунис го промени изгледот, сега личи на зависник од дрога

(Видео) Мила Кунис го промени изгледот, сега личи на зависник од дрога

пред 3 години

Холивудската актерката Мили Кунис, која се прослави преку комедии или хумуристични ТВ серии, во најновиот филм речиси и е непрепознатлива како поради улогата така и поради промената на себе. Актерката за потребите на филмот го промени својот изглед, за да наликува повеќе на зависник од дрога.

Во нејзиниот најнов филм, драмата „Four good days“, Кунис ја толкува улогата на зависничка од хероин, Моли, која мора да помине низ процес на рехабилитација за да го добие потребниот лек.

Улогата на мајка ѝ ја игра легендарната Глен Клоуз, која неодамна беше номинирана и за Оскар и за Златна Малина.

Драмата „Four good days“ го следи тешкиот пат на зависниците од хероин до закрепнување, како и неопходноста од семејна поддршка. Според објавениот трејлер, мајката Деб е фрустрирана што нејзината ќерка е зависничка и начинот на комуникација со неа е груб, што добро ја отсликува немоќта и на лицето кое страда од оваа болест и на најблиските членови на семејството.

Филмот „Four good days“ се базира на вистинската приказна за Илајџа Саслоу, добитник на Пулицерова награда, кој што е еден од сценаристите на филмот.

Филмот ќе се појави во кината ширум светот на 30 април годинава.

 

Share
Scroll to Top