Српскиот глумец Милош Биковиќ (34) среде емисија во руска телевизија, покажа како се снимаат секс-сцените во филмовите. Тој видеото од остувањето кај Иван Ургент го објави на својот Инстаграм.
„Често ме прашуваат за секс-сцените во филмовите. Вчера раскажав и покажав како се одвива снимањето. Приближно вака“, напиша тој.
Во видеото водителот го прашува Милош за секс-сцените што ги снимаше за најновата серија, по што српскиот глумец реши да му покажа како се снима.
„Луѓето мислат дека за време на снимањето на експлицитни сцени има многу страст. Всушност, изгледа вака. Актерката лежи токму овде, вие сте во таква положба и сега треба да почнете“, рече Биковиќ и легнува на софата.
„Легнувате, а околу вас има многу луѓе во студиото кое всушност е мала соба. Сите се без чевли, затоа што најчесто снимаме во нечии станови“, додал глумецот.
Милош вели и дека неговата работа влијае врз приватниот живот, и често се случува неговите девојки да се љубоморни, да го испрашуваат како поминал на снимање и кого бакнал.