(Видео) „Ми ставија метални шипки во рбетот, мислев никогаш нема да проодам“: Сајмон Кауел раскажа за повредата на грбот

(Видео) „Ми ставија метални шипки во рбетот, мислев никогаш нема да проодам“: Сајмон Кауел раскажа за повредата на грбот

пред 3 години

Mузичкиот магнат и член на жирито на бројни натпревари како „Икс Фактор“ и „Британија има талент“, Сајмон Кауел, пред неколку месеци имаше несреќа и заврши на операција. Продуцентот дури сега проговори за деталите за несреќата.

Во август лани, додека тестирал нов електричен велосипед, во задниот двор на куќата, во Малибу, Сајмон паднал од велосипедот, и итно го однеле на операција на грбот, која траела шест часа.

„Уште еднаш не би можел да издржам ваков хаос и болка, како несреќата што ја преживеав, во која ’рбетот го искршив на парчиња“, рече Сајмон за „Daily Star“.

Голема поддршка и помош за време на закрепнувањето добил од неговата сопруга, Лорен Силверман и неговиот син, Ерик. Сајмон за странските медиуми изјавил дека неговиот син се пошегувал и го нарекол „железен човек“ (Iron-man), кога првпат го видел, по операцијата, со метални шипки во грбот.

„Можеше да биде полошо, можев да останам неподвижен. Знаев дека го скршив грбот веднаш штом се спуштив. Некако одеднаш почувствував силна болка, која освен што не прекина, се повеќе и повеќе се наголемуваше“, додаде Кауел.

Сајмон се свртел кон велосипедизам, неколку месеци пред несреќата, затоа што токму тоа му помогнало да изгуби околу 27. килограми. Уживал во карантинот, што го смирило неговиот животен стил и го охрабрило да се храни здраво. Следел здрави навики како појадокот, кој сам го готвел и вежбал редовно.

Сега продуцентот доби нов велосипед и планира повторно да се врати на спортските активности, а и на ловот на нови таленти.

Share
Scroll to Top