(Видео) МРТ ги промовира шесте песни за Евросонг: Почна онлајн гласањето за македонски претставник во Торино

(Видео) МРТ ги промовира шесте песни за Евросонг: Почна онлајн гласањето за македонски претставник во Торино

пред 3 години

Вечерва во емисијата „Стисни плеј“ беа промовирани шесте песни што се натпреваруваат за македонски претставник на Евросонг во Торино, Италија. Публиката ги слушна песните на Виктор Апостоловски, Лара Иванова, Калина Велковска – Кали, Јон Ајдини, Андреа Коевска и Рис Флауер и од вечерва, па во следните седум дена ќе може да гласа за својот фаворит.

Оваа година македонскиот претставник ќе го избираат публиката и меѓународно жири, по принципот 50:50. Публиката може да гласа онлајн на официјалната интернет страница на МРТ. Според правилата, секој ќе може да гласа само еднаш за една композиција. Онлајн гласањето ќе трае до 4 февруари, кога ќе бидат објавени резултатите и ќе се дознае кој ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Италија.

„Доколку има изедначен број на поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири“, велат од Македонската телевизија, која е организатор на изборот.

Ris Flower – “Flying to Berlin”

Kaly – “Love and Light”

Lara – “Flower of Sorrow”

Yon Idy – “Dreams”

Andrea – “Circles”

Viktor Apostolovski – “Superman”

Share
Scroll to Top