(Видео) Мухарем Сербезовски се повреди на снимање, пред операцијата пееше за мерак на лекарите

(Видео) Мухарем Сербезовски се повреди на снимање, пред операцијата пееше за мерак на лекарите

пред 2 години

Пејачот Мухарем Сербезовски го скршил колкот на снимање на новогодишна програма во Белград, по што бил пренесен во болница. Додека лежи на масата за операција, популарниот музичар заедно со лекарите го испеа својот најголем хит „Зашто су ти косе побелеле друже“.

Видеото се споделува на социјалните мрежи, каде што коментираат дека лекарите никогаш нема да ја заборават оваа операција.

Инаку, Мухарем дошол од Германија специјално за снимањето на емисијата. Неколку минути пред почетокот, паднал од висина од 20 сантиметри, и иако мислеле дека не е ништо страшно, организаторите повикале брза помош. Откако лекарите го прегледале, Сербезовски се вратил во студиото, испеал осум песни, а потоа го одвеле во болница на операција.

Share
Scroll to Top