Најмалку 85 луѓе загинаа во турканици кои се случија во главниот град на Јемен, Сана, додека се обидуваа да ја добијат финансиската помош која им ја делеа трговците.
Турканиците се случија во средата во стариот дел на градот, каде повеќе од стотина луѓе се собраа да земат помоштта која ја делеа трговците, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Јемен, а пренесе „Гардијан“.
Портпаролот на министерството, Хути за катастрофата рече дека настанала затоа што распределбата на средствата се делеле по случаен избор, без никаква координација со локалните валсти.
„Најмалку 85 луѓе загинаа, а 322 се повредени“, рече Хути.
Трагедијата која ја погоди најсиромашната земја во Арапскиот полуостров, се случила неколку дена во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан бајрам, кој го означува крајот на свеиот месец Рамазан.
Сведоци рекоа дека вооружени Хути пукале во воздух, во обид да ја контролираат толпата народ. Случајно погодиле во електрична жица и предизвикале експлозија, а тоа пак предизвикало паника по што луѓето почнале да бегаат, рекоа тие.
Министерството за внатрешни работи кое го води Хути, соопшти дека се уапсени двајца организатори и дека истрагата е во тек. За потсетување, граѓанска војна изби во Јемен во 2014 година, откако Хутите кои го поддржуваат Иран го завземаа градот Сана, што ја навела коалицијата предводена од Саудиска Арабија да интервенира следната година и да ја поддржи меѓународната призната влада.
Борбите значително се намалија од минатогодишното шестмесечно примирје со посредство на Обединетите Нации, па дури и откако истото заврши во октомври. Но, војната како што велат од Обединетите Нации ја предизвика една од најлошите хуманитарни трагедии во светот.
Според Обединети Нации, повеќе од две третини од населението живее под границата на сиромаштија, вклучувајќи ги и владините службеници во областите под контрола на Хутите, кои со години не им исплатија плати на државните службеници. Според податоците на Обединетите нации, преку 21,7 милиони луѓе, односно две третини од земјата, им е потребна хуманитарна помош.