(Видео) Намерно ги оставаат своите скапи автомобили со отворени врати за да не им ги украдат

(Видео) Намерно ги оставаат своите скапи автомобили со отворени врати за да не им ги украдат

пред 3 години

Некои од Американците во Калифорнија, намерно ги оставаат своите скапи автомобили со отворени врати, за да не им ги украдат. Тие на овој начин сакаат да им остават порака на потенцијалните крадци, дека или се во близина или дека нема ништо вредно да се украде во нив.

„Не сакаме да ни ги искршат вратите и прозорите во обид да влезат. Ако крадците не ни веруваат, тогаш можат и самите да ѕирнат и да видат дека нема ништо вредно за крадење“, велат тие.

Од друга страна, на полицајците не им се допаѓа овој метод и ги советуваат сите да не го прават тоа. Од полицијата велат дека на тој начин крадците уште полесно можат користејќи ракавици да влезат внатре и да украдат важни документи, па ќе биде невозможно потоа да се откријат кои се.

Кражбата на автомобили оваа година во овој дел на САД, е порасната за 32%, а бројот на провали во целата држава е зголемен за 27%. Сан Франциско е особено познат како престолнина на провали во автомобили.

Во срцето на Сан Франциско, покрај популарните туристички атракции, провалата на автомобили пораснала за речиси 200% од минатата година. Ова придонело и за економска криза. Во просек, според полициските евиденции, во откромври во просек, во градот се случиле 74 провали дневно.

На овој проблем од неодамна решил да поработи и познатиот „Јутјубер“ Марк Робер, кој е познат по тоа што прави таканаречени „Глитер бомби“, односно стапици за крадците.

Марк во Сан Франциско спровел еден од новите експерименти и покажал во колкави проблеми е градот кога станува збор за крадењето на автомобили. Тој заклучил дека луѓето не смеат да оставаат ништо во колите затоа што многу е веројатно стаклата да им бидат скршени.

Она што е особено интересно е тоа колку арамиите се организирани. Тие имаат цело сценарио што треба да прават пред да се случи грабежот.

Share
Scroll to Top