(Видео) Наргиле, сафари и вечера кај Салт Бае: Македонските фудбалери на луксуз во Дубаи пред Нова година

(Видео) Наргиле, сафари и вечера кај Салт Бае: Македонските фудбалери на луксуз во Дубаи пред Нова година

пред 2 години

Македонските фудбалери Илија Несторовски, Влатко Стојановски и Давид Тошевски, пред Нова година уживаат во Дубаи. Пустинско сафари, пливање со делфини, наргиле на плажа, журки во популарните ноќни клубови, ама и вечера во ресторанот на еден од најпознатите светски готвачи Салт Бае.

Фудбалерите не кријат дека се забавуваат. Иле е со сопругата и децата, а Давид и Влатко со девојките. Слики и видеа од одморот тие споделија и на социјалните мрежи, па фановите велат дека им завидуваат што се на плажа среде декември.

За потсетување, Илија игра за Удинезе во Италија, Влатко е фудбалер на Горица во Хрватска, а Давид има договор со Ростов од Русија, но во моментов е на позајмица во Горник Забрзе во Полска.

Share
Scroll to Top