На почетокот на наредната година ќе излезе филмот за шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ. „Јас сум Златан“. Филмот е снимен според автобиографијата на легендарниот шведски напаѓач, а својата премиера ќе ја има на 11. ноември.
Во него ќе биде прикажана приказната за животот и детството на Златан, неговата фудбалска кариера и случувањата кои следат потоа. Ибрахимовиќ е син на балкански имигранти и е роден во Шведска, а по бурното детство тој стана еден од најдобрите фудбалери во светот.
Режисер е Швеѓанецот Јенс Сјогрен, на кој ова ќе му биде деби во светот на долгометражните филмови. Сценариото е напишано на основа на книгата чиј автор е Дејвид Легерцрантц, кој е автор и на романот The Girl in the Spider’s Web.
За потсетување, филмот за Ибрахимовиќ претходно го најави и самиот фудбалер кој сподели фотографија и видео.
„Кога ќе дојдеш од никаде, мораш да се бориш за сè. 11 ноември, на чекањето дојде крајот“, рече Ибрахимовиќ.