Сем Балто е наставник по физичко образование во Портланд кој стана вирален хит на ТикТок поради својот проект „Bike Bus“ (велосипедски автобус).
Тој дошол до идеја да ги собере учениците, да им обезбеди велосипеди ако немаат и заедно секоја среда да одат на училиште со велосипеди.
@coachbalto This #BikeBus video has it all. The emotion, the excitement, the energy, the kids running, the joy that can only he created on bikes. #BikeBusTok ♬ Crazy Train – The Stixxx
Идејата заживеала бидејќи им се допаднала на родителите, но и на учениците, на кои им била осигурана безбедна рута до училиштето. Имено, локалната полиција тоа утро го регулира метежот и дури и во целост затвора некои улици за учениците безбедно да стигнат на настава.
За да продолжи да ги мотивира учениците и да им го направи возењето уште поинтересно, наставникот секој пат им пушта различна музика.
„Отсекогаш сум чувствувал дека нешто недостасува во превозот на ученици. Исто така, луѓето копнеат за повеќе опции за нивните деца да одат на училиште. Со овој проект се создаде тоа чувство на заедница бидејќи луѓето се здружуваат за децата кои се качуваат на „велосипедскиот автобус“ во среда“, изјавил наставникот за „Momentum Mag“.
@coachbalto Replying to @Pam Obe Ressler taking song requests!!! This song was a blast to ride to. @AC/DC #BikeBus ♬ Thunderstruck – AC/DC
Пред да дојде до оваа идеја, Сем водел проект за пешачки автобус веќе 6 години, но неговиот проект „Bike Bus“ заработи милиони прегледи на ТикТок.
Тој во една прилика објаснил како ја добил инспирацијата за проектот.
@coachbalto #BikeBus ♬ Uptown Funk (feat. Bruno Mars) – Mark Ronson
“Покрај мене, има една жена која живее во Худ Ривер, Меган Рами, која вози „велосипедски автобус“ секој ден. Затоа се инспирирав од тоа и го организирав „велосипедскиот автобус“ за Денот на планетата Земја за да се обидам да ги мотивирам другите и да ја подигнам свеста за велосипедизмот“, објаснил Сем, додавајќи дека поради учениците и многу возрасни почнале да возат велосипед.