Научник од Мексико осмислил дизајн на заштитна маска која се носи само преку носот, но повеќе од очигледно е дека изгледа бескорисно.
Идејата на Густаво Акоста Алтамирано, е маската да се носи под вообичаената маска, кога ќе се седне во ресторан или кафуле, и истата да остане на носот додека јадеме и пиеме, објавија светските медиуми.
Во коментарите под видеото во кое се демонстрира како се користи, дел напишаа дека е генијална идеја, додека другите дека е опасна и бескорисна. Во секој случај, сите се согласни дека маската изгледа смешно.
Да не заборавиме дека Светската здравствена организација и сите стручни медицински лица препорачуваат задолжително користење на заштитна маска која ги покрива и устата и носот.
Researchers in Mexico have made a nose-only Covid mask, which they say reduces the risk of infection of coronavirus during eating and talking. pic.twitter.com/ArUEGZaJj3
— CBS News (@CBSNews) March 24, 2021