(Видео) Научник осмислил заштитна маска само за носот, за во кафулиња и ресторани

(Видео) Научник осмислил заштитна маска само за носот, за во кафулиња и ресторани

пред 3 години

Научник од Мексико осмислил дизајн на заштитна маска која се носи само преку носот, но повеќе од очигледно е дека изгледа бескорисно.

Идејата на Густаво Акоста Алтамирано, е маската да се носи под вообичаената маска, кога ќе се седне во ресторан или кафуле, и истата да остане на носот додека јадеме и пиеме, објавија светските медиуми.

Во коментарите под видеото во кое се демонстрира како се користи, дел напишаа дека е генијална идеја, додека другите дека е опасна и бескорисна. Во секој случај, сите се согласни дека маската изгледа смешно.

Да не заборавиме дека Светската здравствена организација и сите стручни медицински лица препорачуваат задолжително користење на заштитна маска која ги покрива и устата и носот.

Share
Scroll to Top