(Видео) Најосамениот лав на светот се врати во природното живеалиште откако со години бил напуштен во Зоолошката градина во Ерменија

(Видео) Најосамениот лав на светот се врати во природното живеалиште откако со години бил напуштен во Зоолошката градина во Ерменија

пред 8 месеци

Најосамениот лав на светот се врати во своето природно живеалиште откако бил напуштен во приватна Зоолошка градина пет години. Лавот Рубен (15) бил единственото животно кое останало во приватна зоолошка градина во Ерменија по нејзиното затворање.

Додека сите други лавови биле преместени, Рубен бил оставен во мала бетонска ќелија каде останал пет долги години. Сега, Рубен помина 5.200 милји од Ерменија до Јужна Африка. Епското патување беше организирано од Animals Defenders International (ADI) и Qatar Airways Cargo.

„Го видов како шета по тревата за прв пат, слушајќи ги гласовите на својот вид, со африканското сонце на грбот, нè расплака сите“, рече претседателот на ADI, Јан Кремер.

Share
Scroll to Top