(Видео) На Новак не му е гајле дали носи патики од 50 или 500 евра, открива таткото на најдобриот светки тенисер

(Видео) На Новак не му е гајле дали носи патики од 50 или 500 евра, открива таткото на најдобриот светски тенисер

пред 11 месеци






Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан отворно зборуваше за син му, за тоа каков е како човек. Каков му е односот кон работата, семејството и животот.

Рече дека иако му е татко, тој учи од него за тоа како треба да се однесува кон најблиските, кон својот народ и држава и рече дека Новак не го интересира материјалното туку само духовното.

„Новак вози електрично Пежо, а кога ќе дојде тука вози тоа што ќе му дадат од претставништвото, што имаат на располагање. Не го интересира дали носи патики од 50 или 500 евра. Неговата свест е во просторот. Еве ќе речам дека и јас како татко учам од него“, рече Срѓан Ѓоковиќ.






Share
Scroll to Top