(Видео) Незадоволен работник со багер уништил пет камиони на фирмата во која работел, затоа што не добил плата

(Видео) Незадоволен работник со багер уништил пет камиони на фирмата во која работел, затоа што не добил плата

пред 4 години

Работник од Турција, Хакан М. незадоволен од тоа што неговиот работодавец не му дал плата, седнал во багерот и уништил пет камиони на фирмата. Сопственик на компанијата наводно бил неговиот вујко Омер, пишува турскиот портал „Хабертурк“.

Видеото е направено во Турција пред неколку дена, а на почетокот било објавено во Тик ток. Според пишувањето на турскиот медиум, Омер, кој бил сопственик на фирмата која се занимава со ископ и транспорт на јаглен, на работниците не им платил плата.

Потоа Хакан го направил инцидентот. Медиумите пренесуваат дека Хакан ќе направел уште поголема штета, ако неговите колега и другите работници не го спречеле. Откако видеото се појавило на социјалните мрежи, луѓето почнале да му испраќаат поддршка на Хакан.

„Тешко е, негово право е да добие плата. Даде сè од себе. Зошто не ги плаќате работниците? Ќе го најдам овој човек и ќе му подадам рака да се поздравам. Го направил тоа што требало“, биле само некои од коментарите со поддршка.

Share
Scroll to Top