Пејачката Анастасија Ражнатовиќ денеска го слави својот 24-ти роденден, па во Белград допатува фудбалерот од Севиља, Немања Гудељ. Тој дојде со неговото семејство и сите заедно заминале кај Ражњатовиќ дома. На социјалните мрежи Цеца сподели видео од роденденската забва на која е е и Немања и неговиот брат Драги Гудељ.
Роденденската забава започнала во вилата на Цеца на Дедиње, а покрај братот на Немања дошле неговата мајка и сестра.
Тие заедно снимија видео во кое и го честитаат 24-от роденден на Анастасија “Среќен роденден Тасо. На здравје!”.
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ќе го прослави роденденот во ресторан во главниот град каде ќе собере околу 100 гости. Пејачката дала околу 10.000 евра за журката. Ќерката на Цеца неодамна почна да настапува, но има и сопствен бизнис, а отвори салон за убавина.