(ВИДЕО) Неочекувана средба во Грција: Победничката на Евровизија и Новак Ѓоковиќ заедно заиграа на „Бангаранга“

(ВИДЕО) Неочекувана средба во Грција: Победничката на Евровизија и Новак Ѓоковиќ заедно заиграа на „Бангаранга“

пред 9 часа

Победничката на овогодинешната Евровизија, бугарската пејачка Дара, ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи откако сподели видео од несекојдневна средба со тениската легенда Новак Ѓоковиќ и неговата ќерка за време на престој во Грција.

На видеото објавено на нејзиниот Инстаграм профил, Дара, Новак и неговата ќерка заедно танцуваат на популарната песна „Бангаранга“, а атмосферата покажува искрена радост и спонтаност која веднаш ги освои фановите.

 

Во описот на објавата, Дара откри дека средбата била целосно случајна.

„Колку е мал светот. Кога судбината зборува, слушаш и правиш Бангаранга. Вчера случајно го сретнав Новак додека вечеравме – беше сосема неочекувана, но прекрасна средба, како сè да беше предодредено“, напиша пејачката.

Видеото брзо стана вирално и собра илјадници реакции и коментари. Многумина беа воодушевени од фактот што две големи балкански ѕвезди се појавија заедно во толку опуштена атмосфера.

Во видеото, Дара блеска во впечатлив фустан со леопардски принт, комбиниран со темносинo болеро и елегантни сини салонки. Од друга страна, Новак Ѓоковиќ останува верен на својот препознатлив лежерен стил, облечен во бела маица, беж шорцеви и бели патики.

Под објавата веднаш почнаа да се редат коментари од воодушевени фанови:

„Она што е Новак Ѓоковиќ за Србија, Дара е за Бугарија“,

„Балканските икони Дара и Ноле“,

„Одлично трио“,

„Две најголеми балкански ѕвезди на едно место“, гласеа дел од реакциите.

Средбата дополнително привлече внимание бидејќи се случува во период кога Дара е во центарот на европската музичка сцена по триумфот на Евровизија, додека Ѓоковиќ и понатаму важи за една од најголемите спортски личности на Балканот и во светот.

Видеото уште еднаш покажа дека понекогаш најинтересните моменти се случуваат токму кога најмалку ги очекуваме – на обична вечера, во летна атмосфера и со добро расположение, кое завршува со танц на „Бангаранга“.

Share
Scroll to Top