(Видео) „Не можам да се фотографирам со сите, можам да стојам овде и да мавтам“: снимка на Ен Хатавеј предизвика бурни реакции, некои ја напаѓаат, други ја бранат

(Видео) „Не можам да се фотографирам со сите, можам да стојам овде и да мавтам“: снимка на Ен Хатавеј предизвика бурни реакции, некои ја напаѓаат, други ја бранат

пред 8 месеци

Снимка од актерката Ен Хатавеј, создадена во 2022 година, сега се прошири на Интернет и предизвика дебата меѓу луѓето.

Имено, актерката тогаш ја посетила Италија, а снимката е направена кога накратко комуницирала со обожавателите, додека одела до својот автомобил по ревијата на „Валентино“ во Рим.

@modestoiiibanzon

♬ Forever – Labrinth

Насобраните фанови почнаа да ја повикуваат за да се фотографираат, а Ен прво на италијански им порача да се смират, а потоа им објасни дека нема време да се фотографира со сите, ниту да им дава автограми.

„Не можам да се фотографирам со сите. Можам да стојам овде и да мавтам ако сакате да ме сликате. Не можам да дадам автограм на сите, ве има премногу. Извинете, но сакам да имате барем нешто, па ако сакате само малку ќе мавтам. Ви благодарам на разбирањето“, им порача таа на насобраните.

Актерката цело време се смешкаше, а на некои им пречеше нејзиното однесување, а во коментарите напишаа дека е „безобразна“ и дека „била безобразна кон фановите“.

Сепак, повеќето луѓе не гледаат ништо лошо во однесувањето на Хатавеј, особено затоа што таа беше навистина љубезна.

Share
Scroll to Top