(Видео) Не му дозволиле посета, па го израдува синот со танц пред болницата

(Видео) Не му дозволиле посета, па го израдува синот со танц пред болницата

пред 4 години

Американката Лори од Тексас, објави емотивно видео на социјалните мрежи, од нејзиниот сопруг Чак, на кого му било забрането да го посети синот Ајден во болницата Cook Children’s каде се лекувал.

14 годишното момче Ајден боледувало од акутна лимфоцитна леукемија, а во собата каде бил сместен, било дозволено да има само еден посетител.

Со него била неговата мајка Лори, додека татко му се симнал пред болницата, под неговиот прозорец и почнал да танцува. Убавиот гест ги развеселило и останатите деца од болницата.

На Ајден му била дијагностицирана болеста на почетокот на пандемијата на коронавирусот. Поради тоа лекарскиот персонал морале да ги ограничат посетите за да го намалат ризикот од можна зараза на децата, чие здравје и така било кревко.

Од болницата дозволувале посета на само еден родител. Со Ајден за време на терапијата останала неговата мајка, додека татко му решил да се симне пред болницата и под неговиот прозорец да танцува и на тој начин да го развесели синот.

Share
Scroll to Top