(Видео) Никола Јокиќ со ракија наздрави за титулата во ноќен клуб во Лас Вегас

(Видео) Никола Јокиќ со ракија наздрави за титулата во ноќен клуб во Лас Вегас

пред 10 месеци

Најдобриот кошаркар во НБА, Никола Јокиќ и неговиот тимски играч Арон Гордон, на балкански начин, со ракија наздравија за освоената титула во ноќен клуб во Невада. Одморот од родниот Сомбор, Србинот го продолжи во САД, каде со Арон Гордон и останато друштво се забавува во ноќен клуб во Лас Вегас.

Јокиќ се повеќе ја пренесува балканската традиција на славење помеѓу своите соиграчи во Денвер, пренесоа тамошните медиуми.

За потсетување, тимот ја освои титулата во НБА лигата откако во финалето го совлада Мајами Хит и тоа беше прва во историјата на оваа франшиза, а главен играч беше српскиот кошаркар Јокиќ.

Share
Scroll to Top