(ВИДЕО) Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и економските политики се во фокусот на разговорите со ЕУ

(ВИДЕО) Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и економските политики се во фокусот на разговорите со ЕУ

пред 2 часа

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојува во дводневна посета на Брисел, каде што, според неговата објава, има средби со претставници на Европската комисија посветени на економските и инфраструктурните политики на Македонија.

Николоски наведе дека на средбите се разговара и за европската интеграција, проширувањето на Европската Унија и спроведувањето на Планот за раст. Тој оцени дека Македонија бележи големи резултати во рамките на планот и дека е лидер во регионот.

„Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата се препознаени и потврдени од Европската Унија“, порача Николоски во објавата.

За утре тој најави обраќање на самит посветен на транспортните коридори. На настанот, како што посочи, со високи претставници на ЕУ и на европските финансиски институции ќе разговара за развојот на коридорите.

Николоски истакна дека посетата е можност за директна комуникација со претставниците кои учествуваат во носењето одлуки во Европската Унија. „Сите ќе продолжиме да се бориме за Македонија“, порача тој.

Share
Scroll to Top