Видеото на кое Ѓоковиќ тренира на Ужичко оро стана хит на социјалните мрежи откако српскиот тенсиер по седми пат го освои Вимблдон. Тој ја освои 21. Грен слем титула, па се врати во Србија да прослави пред градското собрание, а потоа и во кругот на семејството и најблиските пријатели. За време на свечениот пречек се собраа десетици илјади навивачи да го поздрават шампионот, а во емотивно обраќање од балконот, Ѓоковиќ кажа колку му значи поддршката.